ФРАНЦУСКА РИВИЕРА - НИЦА, СЕН ПОЛ ДЕ ВАНС, СЕН ТРОПЕ, КАН, МОНАКО И ЕЗ

4 дена / 3 ноќи - со 6 вклучени излети во цената

Типот на програма

авионска програма

4 дена / 3 ноќи

термини 26. април, 03. мај, 06. септември, 11. октомври / поаѓање од Софија

Франција - Монако

Ница - Сен Пол де Ванс - Сен Тропе - Кан - Монако - Ез

Промо цена за резервација до 20. декември 2018 – од 432 еур по лице

ХОТЕЛ

 Galaxie 3 *

Локација

Хотелот се наоѓа во Сен-Лоран-де-Вар на само 35 минути возење до Монако и на 15 минути до центарот на Ница. На неколку минути од аеродромот и на околу 100 метри од пристаништето и плажата. Се наоѓа на коминукативно и живо место. На пешачко растојание се ресторани, кафетерии и продавници, а трговскиот центар Cap 3000 е на само 450 метри од хотелот.

Опис на хотелот

Хотелот е комфорен 3* и е градски хотел. Во понуда се бар, бесплатен Wi-Fi на јавните места  на хотелот и кога е достапно, наем на велосипеди.

 

Собите

Galaxie 3* располага со 28 соби, со топли бои, удобни и комфорни. Сите соби имаат клима и повеќето се со тераси. Во секоја телевизор и сопствено купатило.

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

Цените се во евра по лице, во стандардна соба, на база ноќевање со појадок, со вклучени аеродромски такси за резервација до 20.12.2018 г.

термини

двокреветна/трокреветна соба Еднокреветна соба 1. дете 2 – 12

26.04- 29.04

438

553

408

03.05 – 06.05

432

555

413

06.09- 09.09

450

563

417

11.10 – 14.10 438 553

408

 Во цената е вклучено:

  • авио билет Софија – Ница – Софија, со директен лет на Wizz Air;
  • аеродромски такси;
  • Рачен багаж до 10 кг.;
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • 3 ноќевања на база ноќевање со појадок во хотел Galaxie 3* или сличен;
  • разглед на Ница;
  • разглед на Сен Пол Де Ванс;
  • Излет до Монако;
  • Излет до Ез;
  • Излет до Сен Тропе;
  • Излет до Кан;
  • патничко здравствено осигурување со покритие до 10 000 евра
  • Пратител на бугарски јазик, за време на целиот престој.

 Цената не вклучува:

  • Во цената на аранжманот не се вклучени такси, плаќања и други дополнителни расходи, кои може да се побараат да бидат платени како нпр. туристичка такса, градска такса, бродски или аеродромски такси, влезници за објекти, музеи, бротчиња, ферибот, јавен превоз, пијалоци во автобусите или авионите и сл.

Ред на летање:

Софија – Ница – 07:10 ч. – 08:30 ч.

Ница – Софија – 09:00 ч. – 12:15 ч.

 

 

За резервација:

При резервација: 220 евра со потпишување договор.

Краен рок за доплата: 40 дена пред патување.

ВАЖНО:

  1. Минимален број за реализација на програмата 35 лица.
  2. Групата се потврдува до 30 работни дена пред патување.
  1. можна е промена на време на поаѓање, за што ќе бидете известени благовремено.
  2. Организаторот го задржува правото на промена во програмата.
  3. Нема специјални медицински и здравствени побарувања, поврзани со патувањето.
  4. Патувањето не е погодно за лица со ограничена подвижност.
  5. Македонските граѓани, е неопходно да поседуваат валиден пасош со минимум 6 месеци од датата на влез.

ПРОГРАМА

ДЕН 1

Директен лет Софија – Ница со Wizz Air. Целодневен излет Ница и Сен Пол де Ванс. Трансфер до хотелот. Состанок со представникот во хотелот. Ноќевање.

 

Разглед на  Ница и Сен Пол де Ванс

Посета на Ница. Прошетка по стариот дел, со сочувана атмосфера и автентичниот дух на средниот век, со атрактивниот цветен пазар, големиот плоштад “Масена” и крајбрежниот булевар “Променад Де-з-Англе”, каде се најпрестижните хотели на Француската ривиера и каде често се среќаваат и филмските ѕвезди.

 

Посета на селцето Сен Пол де Ванс и прошетка по средновековниот град, северно од Кан, чив старински шарм не се е изгубил и покрај гужвата која ја има во шпицот на сезоната. Типично француско село, со своите природни убавини ги инспирирало многубројните актери, поети и уметници, како Џакомети, Миро, Калдер, Матис и Кандински, чии што дела живеат тука постојано.

ДЕН 2

Појадок. Поаѓање за Сен Тропе на полудневен излет, вклучен во цената. Попладне поаѓање за Кан на полудневен излет, вклучен во цената. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

Излет до Сен Тропе и Кан

Сен Тропе е еден од најпознатите одморалишта и е посакувана дестинација на илјадници туристи. Прекрасните плажи на Сен Тропе му дават на градот неповторлив шарм. секоја година на почетокот на октомври се одржува традиционалната меѓународна регата.

Продолжаваме кон Кан, каде ќе се прошетаме и ќе го посетиме двекилометарскиот булевар Кроазет, кој со своите палми и тропските растенија наликува на Холивуд. Тука се наоѓа и хотел Карлтон, каде отседнуваат и светски познатите личности за време на Филмскиот фестивал.

ДЕН 3

Појадок. Поаѓање за Кралството Монако и Ез на целодневен излет, вклучен во цената. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

Излет до Монако и Ез

Посета на  Кнежевство Монако – бисерот на Азурен брег, кој нуди историски и културни знаменитости, тропска вегетација и безброј настани – се со цел да им се удоволи на многубројните туристи. Дворецот на фамилија Грималди – оснивачите на Кнежевството, кои ја претвориле минијатурната држава во едно од најпросперитетните места во светот и го водат до денес; Катедралата, каде што се погребани членовите на фамилијата Грималди. Можност за посета на Океанографски музеј на Жак-Ив Кусто, со огромна колекција на морска флора и фауна, модели на истраѓувачките бродови, аквариум со повеќе од 4000 претставници на средоземноморскиот и тропскиот екосистем.

Следува прошетка по едно од најволшебните катчиња на Француската Ривиера, Ез. Гратчето, ја сочувало романтиката и атмосферата на средниот век, познато по гостопрмството на мештаните, со убавата ботаничка градина „Жардин Екзотик” на врвот на одмаралиштето; со најстарата зграда, која датира од 1306 г., со чудна форма – Црквата на Светиот крст; барокниот католички храм „Успение на Богородица” и занаетчиските дуќанчиња за сувенири, удобно сместени во минијатурни пештери.

ДЕН 4

Појадок. Напуштање на хотелот. Трансфер до аеродромот. Директен лет Ница – Софија со Wizz Air.

ПОБАРАЈ ПОНУДА

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel