Eleni House - Nea Roda

ЛЕТО 2020

Превоз

Автобуски
Сопствен

Оддалеченост од плажа

50 метри

Грција

Халкидики>Атос>Јерисос

15% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА ДО 27.12.2019

Eleni е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 50 метри од плажата во Неа Рода, веднаш над Maria Pashalidou. Располагаме со две 1/2+1 соби и еден четирикреветен апартман на прв кат. Собите имаат тераси со поглед на море и издвоена заедничка кујна, а апартманот има поглед во дворот на вилата. Кујната е целосно издвоена од двете соби и се наоѓа веднаш наспроти просториите на истиот кат во вилата. Целосно е опремена за да можат да ја користат две семејства-има два големи фрижидери со издвоен дел за замрзнување, два одделни мијалници, две мини решоа за готвење , комплетно е опремена со прибор за готвење и јадење. Во оваа просторија има и две помали масички. Кујната излегува на мала тераса која има поглед во дворот на вилата.Сите сместувачки капацитети имаат телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената, постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со бежичен интернет. Агенцијата  не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Напомена: Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети. Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може дополнително да се смести едно дете до 4 години.

СЛИКИ И УСЛОВИ

Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
Сместувањето е првиот ден по 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 09.00 часот по локално време
Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!
Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенција)

 

Организиран превоз Скопје – Неа Рода:

Тргнување од Скопје во 04:00 часот

Цена на повратен билет

–      35 евра;

–       деца до 2 години бесплатно (без седиште);

–       од 2-12 год.-25 евра

Барање за резервација

Можеби ќе Ви се допадне

Hotel Agios Nikitas *** – Agios Nikitas, Lefkada

Hotel Aristotelis ** – Fourka, Kassandra

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel