Danaide Resort **** Puglia

ЛЕТО 2024 / Чартер програма од Софија

УСЛУГА

HB+

Типот на програма

8 дена / 7 ноќевања
Авио од Софија

Италија

Апулија

АПУЛИЈА – ЛЕТО 2024

Комплекс, кој ќе ги задоволи дури и најпребирливите, изграден 2015 г., со обилна, разноврсна и вкусна храна, со пространи, светли соби и апартмани.

 

Danaide Resort 4* 

 

 Базилика е преубава регија во близина на Јонското и Тиренското море. Овде можете да уживате во античката атмосфера на древните грчки градови – Метапонто и Поликоро, со голем број археолошки ископини.  Ќе уживате во убави медитерански морски крајбрежја во комбинација со богата борова шума, дополнето со неверојатни глетки кои го одземаат здивот и кристално чистите води на Медитеранот.

Ова е регион со богата традиција, кој нуди богати и вкусни кулинарски специјалитети. Регијата е позната по своите исклучително квалитетни плодови и зеленчуци.

 

Danaide Resort 4* е сместен во местото Лидо ди Скацано, на 4 км од најблиското гратче Скацано Јонико, каде е и железничка станица. Оддалеченост од Бари е 130 км. Хотелот Danaide Resort 4* е резорт, кој нуди многу спортски активности и добра услуга. Нуди и дневна и вечерна забава со претстави и музика за сите возрасти. Хотелот располага со големи зелени површини и голем базен. Има и барови, ресторани, сала за состаноци, СПА центар и трговски дел (продавница, бутик и др.). Плажа Се наоѓа на 500 метри од хотелот до која се стигнува по патека низ убава борова шума. Постои и трансфер до плажа. Соби Резортот располага со 108 соби и 114 апартамни со различни можности за сместување. Постојат двокреветни и четворокреветни соби. Нудат: плазма телевизор, голем балкон, минибар, купатило со туш, поглед на базен или море, паркинг, клима, сеф, фен. Ресторан Исхраната во ресторанот е на шведска маса со локални јадења, приготвени од селектирани продукти. Хотелска понуда: игралиште, мини клуб, тениски терени, спортски турнири: тенис, фудбал,одбојка, куглање, пливање, стрелање со лак, базен од 2000 кв. метри, бебешко креветче на барање, услуги на плажа.

 

ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ: 18.05.2024, 25.05.2024, 01.06.2024, 08.06.2024, 15.06.2024, 22.06.2024, 29.06.2024, 06.07.2024, 31.08.2024, 07.09.2024, 14.09.2024, 21.09.2024

 

Цените за пакет аранжман по лице се движат од:

705 еур по лице во стандардна соба на услуга полупансион плус

Максимален капацитет на собата е 4 возрасни или 3 возрасни + 1 бебе до неполни 2 год. или 2 возрасни + 2 деца под 15 год.

 

Цената вклучува:

· авио билет Софија – Бари – Софија со редовен лет на авиокомпанија Wizz Air

· чекиран багаж 20 кг и 1 рачен багаж со димензии 40 х 30 х 20 см.

· Аеродромски такси

· 7 ноќевања, појадок и вечера, со вклучено ¼ л вино и ½ л вода

· Трансфер аеродром – хотел – аеродром

· 1 чадор и 2 лежалки на плажа по соба – задни редици

· Претставник на организаторот 

 

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

Цената не вклучува – задолжителна доплата:

  • Такса за гориво – се објавува 21 ден пред поаѓање /Цените са калкулирани со параметрите на керозин по цени на објавување на програмата/
  • Општинска такса по лице на ден /се плаќа на лице место и подлежи на измени/

 

Ред на летање (времињата се локални и подлежат на измени):

Софија – Бари 06:40 / 07:05 часот (локално време)

Бари – Софија 07:40 / 09:55 часот (локално време)

 

Трансфер аеродром – хотел – аеродром:

Време траење: околу 1 час и 30 минути по правец со автобус.

 

Услови за резервација:

Депозит од мин. 50% се плаќа со резервација, во готово или на фактура. Цените не важат за плаќање со картичка!

Доплата најдоцна 30 дена пред поаѓање

Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) 5 дена пред летот.

 

Услови за откажување на резервација од страна на патникот:

Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел:

30+ дена пред поаѓање 70 еур/по лице;

30-22 ден пред поаѓање 40% од вредноста;

Под 21 ден 100% пенали.

ВАЖНО:

  1. Минимален број за реализација на програмата: 130 лица. Во случај на недоволен број, организаторот е должен да ги извести патниците 20 дена пред поаѓање.
  2. Нема специјални медицински и здравствени побарувања, поврзани со патувањето.
  3. Патувањето не се препорачува за лица со ограничена подвижност.
  4. Потребен е валиден пасош со минимум 6 месеци важност од датумот на влезот во земјата во која се патува.
  5. Организаторот го задржува правото за промена на програмата.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

 

Предрезервација и уплата на факултативните излети се препорачува. Излетите се спроведуваат на бугарски јазик за минимум 40 лица. Можно е пријавувањето и на лице место доколку има слободни места. Реализацијата на излетите не се гарантира без потребниот минимум.

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

PANORAMA BEACH – Sarti, Sithonia

KANALI BEACH Hotel *** – Kanali, Ionian Coast

AFRODITI – Edipsos, Evia

JANIS – Neos Marmaras, Sithonia

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel