Јордан 31. март / авио од Софија

Далечни патувања

Типот на програма

авион
Поаѓање од Софија

Цена од 434 еур

6 дена / 5 ноќевања
услуга НВ

Блиски Исток

Јордан

ЦЕНА ХОТЕЛ 3* 434 еур ПО ЛИЦЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 05.01.2019

ЦЕНА ХОТЕЛ 4* 503 еур ПО ЛИЦЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 05.01.2019

ЦЕНА ХОТЕЛ 5* 637 еур ПО ЛИЦЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 05.01.2019

Јордан е блискоисточна земjа. На север се граничи со Сирија, со Ирак на североисток, со Саудиска Арабија на исток и со Израел на запад. Вкупната должина на границата е 1619 km. Излегува на заливот Акаба и Мртво море. Должината на брегот изнесува 26 km. Јордан е уставна монархија базирана на уставот прогласен на 8. јануари, 1952 год. Административно, Јордан е поделен на 12 покраини (мухафази), со кои управуваат гувернери кои ги поставува кралот. Тие се единствена власт за сите подрачја на власта и развојните проекти во нивните области. Составен е главно од сувиот пустински дел на истокот и со повисокиот дел на западот. Долината на реката Јордан го двои Јордан од Израел. Најниската точка е Мртво море (408 м под морското ниво). Јордан се смета за дел од “колевката на човештвото”. Климата е сува и жешка, бидејќи земјата е главно пустинска. 

Петра  своевремено била главен град на арапското Набатејско царство, центар на трговијата, место за одмор на карваните, a развојот на градот продолжил и за време на Римското царство. Од западниот свет е откриена дури 1812 год., кога ја открил швајцарскиот пронаоѓач Johan Ludvig Burhardt. Под заштита е на УНЕСКО. Од 5. до 3. век п.н.е. градот бил важно трговско средиште, а од трите страни на светот бил неосвоив, поради тоа што е исклесан во карпите, опколен со стрмните литици и во него се влегувало низ вијугав теснец. Бил единствено место помеѓу Јордан и Централната Арабија каде не само што ја имало водата во изобилие, туку била позната и по својата бистрина. На тој начин Набатејците ја направиле Петра, важна алка во трговскиот ланец од која живеела Јужна Арабија. Како поморскиот пат кон Индија станувал се попознат, карваните се повеќе оделе на север кон Палмира и тогаш почнала да го губи значењето. Развојот на градот продолжил и во времето на Римското царство и најголемата слава ја имала во првиот век на новата ера. 105-та год. била кобна за Петра, кога Рим, под Трајанова управа, ги укинува нејзините привилегии. Сочувани се околу 800 градби, обележени со набатејските, грчко-хеленистичките и римските влијанија. Ризница – на излезот од клисурата се наоѓа најверојатно најпознатата градба на Петра, Khazne al-Firaun. Изразот “градба” и не е најсоодветен, бидејќи објектите не се градени, туку се вклесани во карпите. Бедуините ја викале “Ризница на фараоните”, но таа е само една од многубројните гробници во Петра.

Вади Рум, позната и како Долина на месецот, сместена во јужниот Јордан, 60 км од Акаба, во близина на границата со Саудиска Арабија, во која се наоѓаат разни пустински предели со лепезата на тесните клисури, природни лакови, вртоглави литици, клизишта и пештери. Петроглифи, натписи и археолошки остатоци пронајдени на ова подрачје сведочат за 12.000 години човечка населеност. Името Вади Рум веројатно потекнува од арапскиот збор wadi (uadi) што значи “долина” и арамејскиот корен рум, што значи “издигната” или “висока”. Највисокиот врв е Ум Дами висок 1800 метри. Особено се вредни неговите 25.000 резбарии и 20.000 натписи во стени, со што може да се прати еволуцијата на човечката мисла и раниот развој на писмото.

ХОТЕЛИ

 Al Qidra Hotel & Suites Aqaba 3*

http://www.alqidrahotelaqaba.com/

Локација
Al Qidra Hotel & Suites Aqaba 3* се наоѓа на само 10 км од аеродромот во Акаба King Hussein. Сместен во центарот на Акаба и на само 700 м од заливот на Акаба. Долж плажата, не повеќе од 500 м се таверните и кафетериите со поглед кон морето.

Собите
Удобни и комфорни соби, некои со балкон (не се гарантира). Сите соби содржат:

  • бесплатен Wi-Fi интернет
  • клима
  • минибар и прибор за приготвување на кафе / чај

Ресторан
Во едноставна трпезарија на Al Qidra се сервира секојдневен појадок на шведска маса.

 

JAZ SOL Y MAR BEAU RIVAGE 4* AQABA

https://www.jazhotels.com/Aqaba/hotels/solymar-beau-rivag-hotel.aspx

 Локација

 Jaz Sol Y Mar Beau Rivage 4* Aqaba се наоѓа на 28 км од аеродромот Кинг Хусеин во Акаба и на само 15 км од центарот на градот на јужниот брег на заливот Тала.

 СобитеJaz Sol Y Mar Beau Rivage 4* Aqaba располага со 105 комфорни соби и апартмани. Сите соби се со индивидуална клима и располагаат со: WI-FI, LCD телевизор, Минибар, Сеф во собата, Фен, Бања со туш и када, Прибор за приготвување на кафе и чај, Телефон,  Детектор за дим.

Ресторани

Главен ресторан “Le Chateaux”, “Љуо Брасерија” Лоби бар, “Le Coquillage” Pool Bar

 

 Moevenpick Residence Aqaba 5*

https://www.movenpick.com/en/middle-east/jordan/aqaba/resort-aqaba/overview/

Локација
Movenpick Resort & Residences Aqaba 5* се наоѓа во центарот на Акаба, со преубава глетка кон морето и планините. На 10 км од аеродромот Крал Хусеин, до исламскиот град Ајла. Комплексот е комбинација на европски и арапски дизајн. Сместен е на 500 м од морето, во близина на многубројните продавници.

Соби
Располага со 297 соби, кои нудат луксузен и комфорен престој со современи дизајн и неутрални тонови. Сите соби се опремени со:

  • машина за приготвување на кафе/чај
  • во некои соби има кујнски бокс и балкон (не се гарантира)
  • бесплатен WiFi

Ресторани
Palm Court Restaurant & Terrace, барови. 8 ресторана и бара, 4 базена (детски базен), детски центар – “Little Birds Club”.

Плажа
Располага со директен пристап до сопствена плажа

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

6 дена / 5 ноќевања

ЦЕНИТЕ СЕ ЗА ПАКЕТ ПО ЛИЦЕ ВО СТАНДАРДНА СОБА / 5 НОЌЕВАЊА СО ПОЈАДОК И АВИО БИЛЕТ СО ВКЛУЧЕНИ АЕРОДРОМСКИ ТАКСИ И БАГАЖ

31.03 – 05.04.2019

Двокреветна соба Еднокреветна соба Дете од 2 до 12 г./неполни/
Al Qidra Hotel Aqaba 3* 434 532 408
Jaz Sol Y Mar Beau Rivage 4* 503 649 N/A
Moevenpick Residence Aqaba 5* 637 874

536

курс 1 еур = 62 ден

Цената вклучува:

  • Авио билет Софија – Акаба – Софија со Bulgarian air charter
  • Чекиран багаж 20 кг и 5 кг рачен багаж;
  • 5 ноќевања на база полупансион во избраниот хотел
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром со климатизиран автобус
  • Влезна виза за Јордан
  • Патничко здравствено осигурување со покритие до 10 000 евра
  • Претставник на организаторот на бугарски јазик за време на целиот престој

Цената не вклучува:

  • Целодневна екскурзија до Петра – цена: 120 Euro
  • Екскурзија Акаба – џип сафари во пустината Вади Рум – цена: 62 Euro
  • Екскурзија Акаба – Мртво море – Мадаба – планината Небо – цена: 76 Euro
  • Екскурзија Акаба – нуркачка авантура во срцето на Црвеното море – цена: 66 Euro
  • Бакшиши за време на патувањето околу 5$ на ден;
  • Индивидуални трошоци
  • Такса за гориво – се објавува до 21 ден пред летот
  • Во цената на аранжманот не се вклучени такси, плаќања и други дополнителни расходи, кои може да се побараат да бидат платени како нпр. туристичка такса, градска такса, бродски или аеродромски такси, влезници за објекти, музеи, бротчиња, ферибот, јавен превоз, пијалоци во автобусите или авионите и сл.

 Ред на летање: подлежи на промени:

Софија – Акаба – 08:00 – 11:30 ч.

Акаба – Софија – 16:00 – 19:30 ч.

Трансфер аеродром – хотел – аеродром:
Времетраење: околу 30 минути по правец со автобус.

Услови за резервација:
Со потпишување на договор: за хотел 3* 220 еур, за хотел 4* 230 еур, за хотел 5* 240 еур
Краен рок за доплата: 40 дена пред патување.

ВАЖНО:

  1. Минимален број за реализација на програмата 120 лица.
  2. Во случај на неостварен минимален број организаторот е должен да извести мин 7 дена пред поаѓање
  3. Нема специјални медицински и здравствени побарувања, поврзани со патувањето.
  4. Патувањето не е погодно за лица со ограничена подвижност.
  5. Македонските граѓани, е неопходно да поседуваат валиден пасош со минимум 6 месеци од датата на влез.

Организаторот го задржува правото на промена во програмата

 

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ

Минимален број за остварување на автобуските екскурзии е 16 лица

Услови за откажување на патување од страна на патникот:

ПАТНИКОТ има право да го откаже договорот за патување пред неговото започнување. ПАТНИКОТ е должен да плати пенали за откажување од патување на ОРГАНИЗАТОРОТ. Во случај на непредвидени и вонредни околности на дестинацијата или во непосредна близина, кои би влијаеле на квалитетот на аранжманот како и на безбедноста, патникот не плаќа пенали, му се враќа уплатената сума во целост, но нема право на дополнително обештетување.

Доколку ПАТНИКОТ го откаже патувањето повеќе од 30 дена пред поаѓање, пеналите се во износ на авансната уплата. Доколку го откаже од 30 дена до денот на поаѓање пеналите се 100%.

ПРОГРАМА

ДЕН-1

Поаѓање од Софија со директен чартер лет на BAC до Акаба. Пристигнување во Акаба и пречек од фирмата партнер – трансфери и сместување во избраните хотели. Слободно време за одмор и плажа. Ноќевање.

ДЕН-2

Појадок. Слободно време или факултативна екскурзија: Изгубениот Град Петра – целодневна екскурзија

 

Целодневна екскурзија до Петра
Цена: 120 Euro

Патување до “Изгубениот град” Петра – едно од Седумте светски чуда и без сомнение најскапоценето богатство на Јордан. Пешачка тура низ кањонот, во кој се наоѓаат остатоците од Стариот град. Локален водич ќе Ви раскаже за историјата и археолошките наоди, во овој невообичаен комплекс на храмови, живеалишта и гробници, исклесани во разнобојните црвено – розови карпи на кањонот пред повеќе од 2000 години. Запознавање со знаменитостите на древниот град Набатеан, каде што се наоѓа и најпознатиот туристички објект – таканаречената Ризница. Враќање во резортот.

Цената вклучува: автобуски превоз, локален водич со превод на водичот на групата, влезница за Петра.

Цената не вклучува: индивидуални трошоци

ДЕН-3

Појадок. Слободно време за плажа или факултативна полудневна екскурзија до пустината: Вади Рум

 

Акаба – џип сафари во пустината Вади Рум
Цена: 62 Euro

Полудневна екскурзија до пустината Вади Рум. Патување до пустината Вади Рум – место на незабравното двочасовно џип сафари, кое ќе ја одведе групата до ова недопрено место од човечката рака. Извајани од природата, прекрасни форми на карпи, од кои застанува здивот. Со векови се пренесуваат и традициите на седумте бедуински племиња, кои сеуште живеат тука. Враќање во хотелот.

Цената вклучува: автобуски превоз, локален водич со превод од водичот на групата, влезница за Вади Рум, двочасовно сафари со џип.

Цената не вклучува: индивидуални трошоци

ДЕН-4

Појадок. Слободно време за плажа или целодневна факултативна екскурзија до Мртвото Море – Мадаба и планината Небо со вклучен ручек.

 

Акаба – Мртво море – Мадаба – планината Небо
Цена: 76 Euro

Целодневна екскурзија до Мртво Море – Мадаба и планината Небо со вклучен ручек. Патување до Мртво море. Пристигнување до брегот на Мртво море и слободно време за капење во најсоленото море, најниската точка на земјината топка, на 400 м под морското ниво. Продолжуваме до Мадаба, каде што ќе се посетат едни од најпрочуените мозаици на блискиот Исток, претставена мапа на светите земји. Следува посета на планината Небо, од каде што при убаво време се открива преубав поглед кон долината на градот Јерихо и Мртвото море. Враќање во Акаба.

Цената вклучува: автобуски превоз, локален водич со превод од водичот на групата, влезници за плажата на Мртво море, Мадаба и Небо, ручек во ресторанот на плажата на Мртво море.

Цената не вклучува: индивидуални трошоци

ДЕН-5

Појадок. Слободно време за плажа или полудневно нуркачко искуство со бротче со вклучен ручек, нуркање во Црвеното море и неговите мистериозни длабочини.

 

Акаба – нуркачка авантура во срцето на Црвеното море 

Цена: 66 Euro

Полудневна нуркачка авантура со бротче и вклучен ручек, нуркање во Црвеното море и неговите мистериозни длабочини. Нуркањето во Црвеното море претставува спуштање во богат „аквариум„. Водата е толку чиста, што дури и од бродот можете да гледате надолу и да ги набљудувате мноштвото јата риби и богатството на рифовите. Предвиден е ручек. Враќање во Акаба.

Цената вклучува: автобуски превоз, ручек на чамецот + безалкохолен пијалок, крпа и комплет за нуркање

Цената не вклучува: индивидуални трошоци

ДЕН-6

Појадок. Слободно време за плажа и прошетка до ручек. Трансфер до аеродромот во Акаба и лет до Софија.

ПОБАРАЈ ПОНУДА

Можеби ќе Ви се допадне

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel