Corfu Apartments - Nea Flogita

ЛЕТО 2019

Превоз

Автобуски
Сопствен

Оддалеченост од плажа

50 метри

Грција

Солунски Залив>Неа Флогита

9% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 28.02.2019

Куќа КОРФУ е лоцирана во центарот на Неа Флогита, спроти хотел Корфу, и на околу 50 м. од плажата. Располага со четворокреветни и петокреветни апартмани и четворокреветни студија, пространи и со комплетно опремена кујна, WC, клима (вклучена во цената), и пространи тераси.

СЛИКИ И УСЛОВИ

Услови

Цените СО * се однесуваат за 7 ноќевања по лице со вклучен превоз, за минимум две лица  (трето, четврто, пето и шесто  лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз).

Цените со ознака ПРОМО се цени по лице според соодветниот капацитет

Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

За сигурна резервација се подразбира уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на договор за патување и целосна уплата најдоцна 10 дена пред започнување на аранжманот.

Превземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

Во собите е дозволено сместување на лица согласно бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

Единствено е дозволено сместување на едно дете до неполни 6 години над бројот на кревети во секое студио или апартман

Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се во агенција. Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

за возрасни 2.170 мкд. (35 евра)

За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)

Деца до 2 години бесплатно, без седиште

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци.  Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.

Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, при што претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенција.

Побарај понуда

Можеби ќе Ви се допадне

Grand Bleu Hotel *** – Eretria

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel