Бодрум - Гокова - Бодрум / авио од Белград

Крстарење со гулети - Егејска регија

Типот на програма

авион / гулет
Поаѓање од Белград

Цена од 565 еур

8 дена / 7 ноќевања
услуга FВ

ТУРЦИЈА

БОДРУМ - ГОКОВА - БОДРУМ

Едно од најатрактивните патувања, како створено за луѓе со жив дух, на кои им е подраго топлото море, нуркање, пливање во најчистите води, од престојот во луксузните хотели. Доколку се препознавате, запловете по турските крајбрежја на Медитеранот!

Едно од најатрактивните патувања, како створено за луѓе со жив дух, на кои им е подраго топлото море, нуркање, пливање во најчистите води, од престојот во луксузните хотели. Доколку се препознавате, запловете по турските крајбрежја на Медитеранот! Првото утро, по лесниот, летен појадок во марината, се подигнува сидрото и се трга во обиколка на најубавите плажи, ували, културни и историски знаменитости по изнимно разуден турскиот брег. За недела дена Вашата куќа на море ќе е турски гулет, симпатично рибарско бротче прилагодено на потребите на туристите. На секој брод има 6-8 двокреветни кабини, секоја со туш и тоалет. Ќе се зачудите со каква спретност се искористува секое делче од просторот. За тие што ќе посакаат, овозможено е спиење под ведро небо. На палубата има онолку удобни душеци, колку и патници на бродот. Така ќе можете да доживите незаборавно будење уз изгрејсонце. Престојот на гулетот е можеби и единствен начин да уживате во топлиот Медитеран, а ниту еднаш да не се пожалите дека Ви е жешко. Предната и задната палуба се покриени преку денот со разнобојни тенди, па се при лесно, морско ветре температурата не ни чувствува. Исхраната на гулетот е на база на полн пансион (појадок, ручек, вечера). Секој гулет има свој готвач кој ќе се потруди за да го пофалите. Доколку сакате рибарење и сте успешни во тоа, сметајте на негова помош во приготвување на свежите морски плодови. Храната на гулетите е лесна, со изобилие на салати, специјалитети од зеленчук и разни печива. Пијалок се доплаќа по приступачни цени. Покрај капење и сончање на најчистите делови на брегот, ќе имате можност да видите интересни локалитети и сето тоа да го зачините со лудите летни ноќи во градовите кои живеат 24 часа на ден. Затоа, не размислувајте многу, нека Ве понесат брановите на турскиот дел на Медитеранот!

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

Цена на аранжманот по лице во евра (Плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден)

кабина

услуга 28.06-05.07 05.07-12.07 12.07-19.07 19.07-26.07 26.07-02.08 02.08-09.08 09.08-16.08 16.08-23.08 23.08-30.08

Двокреветна по лице

Полн пансион 565 630 630 630 655 655 655 630

630

Еднокреветна по лице Полн пансион 830 950 950 950 970 970 970 950

950

ВАЖНА НАПОМЕНА: Претставникот на агенцијата патниците ги испраќа до марината во Бодрум и е задолжен за организација на трансфер од и до аеродромот во Бодрум. Не е предвидено присуство на бродот и во марините. Капетанот на бродот може да ја измени планираната програма во зависност од состојбата на морето и временските услови.

Во цената е вклучено:

  • Чартер лет на релација Белград – Бодрум – Белград
  • Едно парче чекиран багаж по лице (тежина до 23 kg) и еден рачен багаж по лице до 8 kg, максимални димензии 55x35x25 cm (DxŠxV). Секое кило плус се доплаќа на лице место
  • Групни, повратни автобуски трансфери од аеродромот во Бодрум до марината во Бодрум или Мармарис
  • Сместување на гулетите на база полн пансион (појадок, ручек и вечера, пауза за чај или кафе)
  • Услуга на водичот и организација на патување

Во цената не е вклучено:

  • Динарски„ дел на аранжманот 20 еур по лице, плаќаат сите над 2 год.
  • Аеродромски такси 37.40 eur /се плаќа со резервација/променливи до моментот на поаѓање
  • Доплата за гориво YQ такса 20 eur по лице, деца до 2 год. не ја плаќаат. /подлежи на промени до поаѓање/
  • Патничко здравствено осигурување /препорачливо/ информации во агенција
  • Индивидуални трошоци. Индивидуални пристанишни такси.

 

Напомена: Патниците со македонски патни исправи е потребно да поседуваат валидна патна исправа со мин. 6 месеци важност од денот на напуштање на Турција, како и листот за патување во Грција, доколку ја одберат програмата бр. 3.

 

УСЛОВИТЕ НА ПЛАЌАЊЕ: Цената е гарантирана само за вкупната уплата на аранжманот. Во спротивно гарантирана е само авансната сумата, а остатокот подлежи на евентуалните промени.

За валидна резервација е потребна уплата од мин 40% од вкупната сума, а останатиот дел се доплаќа мин. 20 дена пред патување. Цената важи за уплата во готово или вирмански.

 

Организаторот на патување го задржува правото на промена на цената во случај на промена на курсот

ВО СЛУЧАЈ НА НЕДОВОЛЕН БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ ОРГАНИЗАТОРОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ОТКАЖУВАЊЕ НА АРАНЖМАНОТ, ПРОМЕНА НА АЕРОДРОМОТ, ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ ИЛИ ДАТУМОТ НА ПАТУВАЊЕ, И ЗА ТОА Е ДОЛЖЕН ДА ГО ИЗВЕСТИ ПАТНИКОТ НАЈДОЦНА 5 ДЕНА ПРЕД ПАТУВАЊЕ

ПРОГРАМА

1. ден БЕЛГРАД – БОДРУМ (аеродром Бодрум 37 km)

Состанок на патниците на аеродромот “Никола Тесла” два часа пред лет; чартер лет на релација Белград – Бодрум. Пристигнување во Бодрум по двочасовен лет. Трансфер до марината во центарот на Бодрум. Качување на гулет по 16 ч. Слободно време, вечера и ноќевање во марината.

2. ден ОСТРОВО ORAK - ÇÖKERTME

По појадокот и кусиот инфо состанок со претставникот на агенцијата, испловување и пловење кон заливот Алаксла и островот Орак, каде се прави пауза за ручек и капење. Вечера и ноќевање во близина на заливот Чокертме.

3. ден TUZLA BAY – ENGLISH HARBOUR

Рано наутро започнува пловење, гулетот го поминува местото Орен и прави пауза во заливот Тузла. Вечера и ноќевање во близина на англиското пристаниште и островот на Клеопатра

4. ден KARACASÖĞÜT

Пристигнување во марината на малото рибарско место, Караџасогут (karaca-срна; söğüt-врба), во раните утрински часови. Слободно време додека посадата го чисти бродот и ги обновува залихите. Опционен еднодневен излет: Далијан (85 km) и обиколка на античкиот град Каунос, пловење со речен долмуш и ручек на брегот на реката Далијан. Враќање на гулет, слободно време, вечера и ноќевање во пристаништето.

5. ден ОСТРОВО SEDIR – LÖNGÖZ

По појадокот испловување и пловење кон островот Седир, попознат како остров на Клеопатра, каде се наоѓаат остатоците на античкиот град Кедраи и каде, по кажувањата живеела последната кралица на древниот Египет, Клеопатра. Поради тоа и песочната плажа која се наоѓа тука го добила името по нејзе. Вечера и ноќевање во заливот Лонгоз.

6. ден ЗАЛИВИТЕ KARGILI – KISEBÜKÜ

Гулетот рано наутро отпочнува крстарење кон заливот Каргили. Пауза за ручек и капење. Гулетот продолжува до заливот Кисебуку. Ноќевање.

7. ден YEDI ADALAR – YALIÇIFTLIK – BODRUM

По појадокот испловување и пловење до заливот Пабучбурну и седумте острови (Yedi Adalar). Потоа подолго пловење преку заливот Гокова. Пауза за ручек и капење во заливот Јаличифтлик во близина на Бодрумскиот залив. Пристигнување во марината во Бодрум во попладневни саати. Слободно време, вечера и ноќевање.

8. ден БОДРУМ (аеродром Бодрум 37 km) – БЕЛГРАД

По појадокот напуштање на гулетот и трансфер до аеродромот во Бодрум. Чартер лет на релација Бодрум – Белград. Пристигнување во Белгард по двочасовен лет.

ПОБАРАЈ ПОНУДА

Можеби ќе Ви се допадне

Hotel Marina *– Agios Ioannis – Pilion

Aparthotel Nevada – Pamporovo

Mytikas House – Nei Pori

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel