Billis - Jerisos

ЛЕТО 2020

Превоз

Автобуски
Сопствен

Оддалеченост од плажа

30 метри

Грција

Халкидики>Атос>Јерисос

15% попуст за целосни уплати до 31.01.2020

Billys се наоѓа на само 30 метри од песочната плажа, на самиот почеток на главното шеталиште, над fast food-caffe ‘Streat’, спроти caffe bar ‘Theatro’. Куќата располага со апартман и дуплекс апартман. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има паркинг на 15 метри од вилата во правец на плажата.

1/4+1 апартман број 1 – прв кат, со директен поглед море, од голема тераса со маса и столови. Апартманот е простран и има брачен кревет + 1 стандарден кревет на извлекување во спална и софа + кревет на извлекување во кујна, со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Од двете соби се излегува на тераса. Опремен е со стандарден мебел и сопствен тоалет.

1/6+1 апартман број 2 – прв кат, простран апартман со поглед кон улица од една голема тераса (од кујна)  и страничен поглед на море од друга тераса (од спална). Има брачен кревет + 1 стандарден кревет во спална и 2 софи на извлекување во кујна. Опремен е со стандарден мебел, сопствен тоалет, кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Двете тераси, како и кујната, имаат маси и столови.

СЛИКИ И УСЛОВИ

НАПОМЕНИ:

Ø  ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР. 1 и 2  – ВОНСЕЗОНСКИ – СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 ИЛИ 11 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра. Напомена: Во апартман минимум 3 лица, 2 лица плаќаат полна цена, трето и четврто лице плаќаат задолжително по 35евра.

Ø  ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР. 3  – СЕЗОНСКИ – СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, согласно бројот на кревети.

Ø  Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во кревет со родител.

Ø  Термините во табелата се денови на започнување на аражманот.

Ø  Тргнувањето е на денот објавен во табелата. Тргнувањето од Куманово е во 02:45 часот наутро пред ‘Скара кај Жмара’. Тргнувањето од  Скопје е во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, состанок на групата е во 03:30 часот. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување. Ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда за времето и местото.

Ø  Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Ø  Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).

Ø  За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи на редовните цени.

Ø  Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Ø  Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Ø  Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред поаѓање.

Ø  Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот по локално време

Ø  За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Ø  Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.

Ø  Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Барање за резервација

Можеби ќе Ви се допадне

Hotel Golden Gate ***+ – Kusadasi

Vassos Nissi Plage Hotel **** – Agia Napa, Kipar

Hotel Fuengirola Park 4* – Fuengirola, Costa del Sol

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel