Андалузија и јужна Португалија

Ница – Валенсија – Севиља – Малага - Кордоба – Лагос – Фаро – Гранада - Кан

Типот на програма

Автобуски
Поаѓање од Белград

Промо цена 449 еур

13 дена / 7 ноќевања

Европа

Франција-Шпанија-Португалија

Ница – Валенсија – Севиља – Малага – Кордоба –Лагос – Фаро –Гранада – Кан

 

ПРОМО ЦЕНА 449 еур ПО ЛИЦЕ

На што прво помислувате кога некој ќе ви ја спомне Андалузија и југот на Португалија? Жежок југ, страст, фламенко, корида, Дон Жуан, Мавари, песочни плажи опкружени со карпи, сангрија, тапаси, Пабло Пикасо, сиеста, преубави палати…

Што и да сте помислиле, сигурно немате згрешено. Се ова, но и многу повеќе ги чини југот на Шпанија и Португалија едни од најатрактивните делови на Европа. Егзотична мешавина на културата и традицијата, место каде Римјаните, Маварите, Евреите и Шпанците оставиле свој печат низ историјата и ја направиле сегашноста толку мистична и убава.

Валенсија, денес трет по големина шпански град, по Барселона и Мадрид. Основана 137. година п.н.е., град за кој низ историјата се бореле Римјаните, Визиготите, муслиманите и христијаните. Денес е град на современа архитектура, футуристички музеи, преубави плажи и волшебни плоштади, а сето тоа спакувано во автентичен шпански дух.

Одмор и пауза ќе побарате во ладовината на локалниот бар со традиционалното шпанско јадење паеља, настанато баш тука, во околината на Валенсија и популарниот пијалак Agua de Valencia, традиционален коктел од цеден портокал, вотка, шпанскиот шампањ Cava, кафеав шеќер и мраз. Литарските бокали, во кои се служи овој пијалак, ќе ја ублажат врелината на овој медитерански град. Salud!

Малага, град каде во еден момент сте во Европа, а веќе следниот ве води во Африка. Прошетка по испреплетените улици на Малага претставува прошетка низ историјата.  Teatro Romano или Римски театар, Castillo de Gibraltaro и Alkazaba, преубави тврдини од времето на Маварите, катедрала Малага.

Испреплетени пешачки улички преполни со барови, ресторани и шарени сувенирници, чинат неверојатен спој на традиционален и космополитски шарм. Жителите на Малага со понос ќе ви истакнат дека прочуените Пабло Пикасо и Антонио Бандерас се родени баш во овој град.

Патот низ километри долги маслиници не води до еден од најубавите градови на Андалузија, Гранада. „Во животот нема пострашна казна од таа да си слеп во Гранада„ е натписот на влезната порта и можеби најдобар опис за волшебната Алхамбра, сплет од преубавите палати и градини. Al Kelet Al Hambra или црвена тврдина е вистински бисер на исламската средновековна архитектура. Изградена во текот на XIII и XIV век како дворец и тврдина на исламските владетели, на која во подоцнежните векови не и одолеале ниту шпанските крелеви, ќе не увери дека Маварите во текот на 8-вековно владеење на овие простори, створиле можеби една од најпрефинетите цивилизации на средниот век.

Кордоба – некогашна престолнина на маварското кралство, љубоморно ја чува историјата на Al Andalusa. Симболот на Кордоба – Ла Мексита, некогашна џамија, денес преубава катедрала уште еднаш ќе ни го покаже тој современ спој на ориентот и Европа, културолошки микс на народите и верите низ историјата.

Севиља, престолнина на врелата Андалузија, за многумина е типичен шпански град. Не ретко ќе слушнете дека ни Барселона, ни Мадрид го немаат тој шпански дух во себе како Севиља. За некои главна атракција на градот е Шпанскиот плоштад, кој се наоѓа во паркот Марија Лујза. Куриозитетот на ова ремек дело е дека скиците настанале во Хавана и дека баш тоа му дало посебност на карипскиот дух. За другите на прво место е маварската палата Алказар, празник за очи, изградена за да и се диват маварските владетели, шпанските кралеви а денес љубопитните посетители. Едните ќе бидат заведени од танцот на преубавата фламенко танчерка и звукот на страствената гитара а другите ќе ја понесат легендата за севиљскиот заводник Дон Жуан.

Лагос и Фаро, гратчиња сместени на крајниот југ на Португалија, во преубавата област на Алгарве, недалеку од Гибралтарскиот мореуз и место каде Атлантикот се спојува со Средоземното море. Километри долги песочни плажи, специфични по варовничките карпи со необични форми се вистинска разгледница на овој дел од Португалија. Уживаме во шармот на овој дел на Иберискиот полуостров, во вкусната и специфичната кујна и португалските слатки вина.

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

Цена: 529 EUR по лице

Цена со попуст: 449 EUR по лице

Термини: 02. – 14. јули 2019 и 24. септември – 06. октомври 2019

———————————————————————————————————————————

 

Во цената е вклучено: 

Автобуски превоз на релација Белград-Ница-Валенсија-Севиља-Фаро-Лагос-Гранада-Кан-Белград.
1 ноќевање во хотел** во Ница во 1/3 со сопствена бања и WC.
1 ноќевање во хотел*** во Валенсија во 1/3 соби со сопствена бања и WC.
4 ноќевања во хотел*** во Севиља во 1/3 со сопствена бања и WC.
1 ноќевање во хотел** во близина на Кан во 1/3 соби со сопствена бања и WC.
Разглед на градовите според програмата.
Oрганизација на патувањето.
Пратител на групата во текот на целото патување.
Во цената не е вклучено: 

Факултативните излети.
Патничко здравствено осигурување – задолжително /информации во агенција/.
Двокреветни соби – можност за доплата: 10 EUR по лице на ноќ
**бројот на двокреветните соби е ограничен.
Индивидуални трошоци
———————————————————————————————————————————

 ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

1. Малага обиколка со локален водич – 30 EUR
2. Кордоба обиколка со локален водич – 30 EUR

*Плаќањето е пред самата реализација, на лице место.

———————————————————————————————————————————

 УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА: 

Со потпишување на договор се плаќа аванс во износ од 20% од вкупната сума, во денари по курс 1 еур = 62 ден
Цената е валидна за плаќање во готово или вирмански.За плаќање со картички /Виза, Мастер, Маестро/банкарската провизија ја плаќа странката
Можност за плаќање на рати.
Доплата на полниот износ најдоцна 20 дена пред патување.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

Во разгледите на градовите наведени во програмата, не се предвидени посети ни обиколки на ентериерот на градбите, институциите и спомениците на култура, освен кога е тоа предвидено и наведено во програмата.
Организаторот го задржува правото на измена на редоследот на реализација на програмата во зависност од другите објективни околности како што се: временски прилики, ограничувања врзани со отварање и затворање на одредени објекти, гужви предизвикани од општествени, политички, верски и други собирања.
Организаторот не ја превзема одговорноста во случај да погранични власти оневозможат влез на патникот на територија на друга држава или земја во транзит поради причинети прекршоци или непочитување на визните, царинските и др. прописи.
Се молат патниците да се грижат за своите исправи, документи, пари, вредните работи, багажот и сл. Организаторот не презема одговорност за евентуално губење на истите во текот на патување од било која причина.
Организаторот го задржува правото на измена на цената на патување или да го откаже патувањето во случаи на зголемување на цената на превозот,измени на девизниот курс, недоволен бр. на пријавени патници и сл.
Доколку патувате сами, ќе бидете споени со некои од другите патници во сместувањето без никакви доплати.
Сите сместувачки објекти се чисти, уредни и прилагодени на сите генерации.
Сите сместувачки капацитети се во поширокиот центар на градот, во близина на автобуска станица или метро.
Точните имиња на сместувачките објекти ќе бидат познати 7 дена пред почетокот на патување.
Доколку останат слободни места во автобусот, постои можност на доплата за користење на второто седиште за цело време на патување. Доплата е 50 EUR.

ПРОГРАМА

ДЕН-1

Состанок на патниците на паркингот позади Народна библиотека во Белград во вечерните саати. Дневно и ноќно возење низ Србија, Хрватска, Словенија, Италија и Франција со попатни паузи за одмор.

ДЕН-2

Пристигнување во Ница доцна попладне. По сместувањето и краткиот одмор следи разглед на градот. Прошетка по тесните, калдрмести улички на стариот дел на градот, обиколка на православната црква Св. Никола, една од најубавите руски цркви надвор од Русија, искачување на Colline de Chateu – парк сместен на брдото помеѓу стариот град и пристаништето од каде се протега неверојатен поглед на целиот град, капење на плажите покрај прочуеното англиско шеталиште. Слободно време. Ноќевање.

ДЕН-3

Напуштање на собите, торбите ги оставаме во автобус. Слободно време за уживање во преубавиот град на француската ривиера. Поаѓање за Валенсија во доцните попладневни саати. Ноќно возење низ Франција и Шпанија со попатни паузи за одмор.

ДЕН-4

Пристигнување во Валенсија попладне. Сместување, краток одмор и поаѓање на разглед. Обиколка на Ла Лоња де Седа – преубава готска градба од 15. век, некогашен пазар на свила. Продолжуваме до градската катедрала од 13. век, изградена на местото на некогашната џамија. Црквата на Св. Тома и Филип од 18. век, Torres de Serranos – средновековна порта на градот и градскиот пазар каде можете да купите производи од целата Шпанија. Слободно време. Ноќевање.

ДЕН-5

Напуштање на собите, торбите ги оставаме во автобус. Слободно време. Не пропуштајте да посетите некои од музеите како музејот на керамика, ликовна или религиска уметност или можеби да отидете на плажа. Поаѓање за Севиља во вечерните часови. Ноќно возење низ Шпанија со попатни паузи.

ДЕН-6

Пристигнување во попладневни часови. По сместувањето и одмор за ручек, тргнуваме во разглед на градот. Обиколка на катедрала од 15. век, автентичната андалузиска градба со голем број кули. Продолжуваме кон Barrio Santa Cruz, еден од најшармантните градски квартови во цела Европа, опкружен со бели куќички со шарените прозори со многу цвеќе и пријатни локални жители. Продолжуваме до паркот Марија Лујза и плажата Еспања, најголемиот градски плоштад од дури 50.000 квадратни метри опкружен со голем број прозори и балкони во барокен и неомаварски стил кои се денес симбол на овој преубав град. Слободно време. Ноќевање.

ДЕН-7

Во раните утрински часови се поаѓа на факултативен излет до Малага. По пристигнувањето се оди на разглед на градот на брегот на средоземното море. Одиме до Alcazabа – старата маварска тврдина од 9. век, еден од симболите на градот, продолжуваме низ стариот дел на градот до преубавата градска катедрала од 16. век. Обиколка на Castillo de Gibraltaro, уште еден преубав маварски замок изграден во 10. век од страна на Abd-al Rahman III, калиф на Кордоба. Доаѓаме до барокната базилика во северниот дел на градот од 17. век. По обиколката и пауза за ручек, во попладневни саати одиме на градската плажа Малагуета и уживаме во капењето, сонцето и атмосферата. Враќање во Севиља во вечерните часови. Ноќевање.

Враќање во хотел за вечера.

Цената вклучува: превоз и водич на бугарски јазик.

Цената не вклучува: билет за жичница и џиповите – 67 евра/ 47 евра (4 – 11 г.); влезница за грчкиот амфитеатар во Таормина – 10 евра; индивидуални трошоци.

ДЕН-8

Во утринските часови тргнуваме на факултативен излет за Кордоба. По два часа возење пристигнуваме во овој фасцинантен андалузиски град кој во 10. век бил најзначајна културна и академска европска престолнина. Одиме до Големата џамија – еден од најзначајните споменици на исламска историја на овие простори од 8. век. Продолжуваме до еврејскиот кварт, еден од најубавите делови на градот. Прошетка по сокаците, тесните улички и уживање во единствениот андалузиски амбиент. Продолжуваме кон Римскиот мост, изграден во чест на победата на Цезар против Помпеј Велики, а кој подоцна бил обновен, во маварскиот период. Слободно време. Враќање во Севиља во вечерни саати. Ноќевање.

ДЕН 9

Во утринските часови одиме во Алгарве, најјужниот регион на Португалија, познат по преубави плажи и автентична португалска култура. Прво го посетуваме Лагос, најголемиот град на оваа област. Прошетка по стариот дел на градот преполн со автентични португалски ресторани и енергија специфична за овој дел на Португал. По прошетката и пауза за ручек одиме на некоја од плажите и уживаме во сонцето и капењето. Во доцните попладневни часови продолжуваме кон Фаро, гратче на брегот на Атлантскиот океан. По пристигнувањето одиме во обиколка на стариот дел на градот опкружен со средновековни ѕидини и ја слушаме приказната за турбулентната историја на овој дел од Португал. Обиколка на Igreja do Carmo – барокната црква од 18. век, симбол на градот. Слободно време. Враќање во Севиља во доцните вечерни часови. Ноќевање.

ДЕН 10

Во раните утрински часови одиме за Гранада, еден од најубавите андалузиски градови. Почнуваме со обиколка на Албацино – преубав стар арапски кварт под заштита на УНЕСКО. Продолжуваме со обиколка на Capilla Real – кралската капела висока 47 m, која се наслонува на градската катедрала и каде се наоѓаат кралските гробници на некои од највлијателните средновековни владетели. Ќе го посетиме и арапскиот пазар, каде за момент ќе заборавиме дека сме во Шпанија, опкружени со марами, зачини и се што ја отсликува арапската култура. Слободно време за обиколка на Алхамбра – ремек дело на исламската архитектура сместена на падините на планината Sierra Nevada. Денес едно од најпосетените места во цела Шпанија, од 13. до 15. век била резиденција на највлијателните владарски маварски династии Nasrid. Слободно време. Поаѓање за Кан во вечерните саати.

ДЕН 11

Пристигнување во Кан доцна попладне. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

ДЕН 12

Напуштање на собите. Слободно време за уживање во Кан, град сместен на француската ривиера. Поаѓање во доцните попладневни саати. Ноќно возење.

ДЕН 13

Пристигнување во Белград попладне.

ПОБАРАЈ ПОНУДА

Можеби ќе Ви се допадне

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel