Acacia Resort **** - Campofelice di Roccella

ЛЕТО 2023

УСЛУГА

HB

Оддалеченост од плажа

на плажа

Италија

Сицилија>Хотели

Acacia Resort 4* LUX

Campofelice di Roccella, Чефалу

http://www.acaciaresort.eu/

 

Acacia Resort & SPA е луксузен хотел 4*, со инфраструктура, квалитетот на услугите, мебелот и храната, како хотел со 5*. Хотелот се наоѓа на плажата помеѓу Палермо и Чефалу, на влезот во национален парк Parco delle Madonie, во туристичкото место Campofelice di Rocella. Растојанието до аеродромот во Палермо е 84 км, а до Чефалу 15 км. Модерен, елегантен и комфорен хотел сместен во градина од 40 000 кв.м. со голем базен, сопствена плажа и многубројните спортски содржини, опкружен со зеленило и тропски растенија. Acacia Resort 4* има 4 внатрешни, климатизирани сали со можност за исхрана на отворено. Ресторанот нуди сицилијанска и национална кујна. Преку ден е отворен бар на базенот од 12.05 – 29.09. Нуди и пиано-бар со внатрешен и надворешен дел. 240 соби, сите со клима, телевизор со рамен екран и сателитска телевизија, сеф, телефон, мини-бар, фен и бања со туш или када. Superior собите се наоѓаат во главната зграда. Сите се со покриена тераса. Хотелот нуди: голем базен, детски базен, мини-фудбал, тенис, одбојка на плажа, кану, мини голф, фитнес справи. Сите се бесплатни за гостите на хотелот. Acacia Resort 4* е познат по свој СПА центар на покривот. Нуди базен со џакузи (150 кв.м.), фитнес, панорамна сауна, парна бања, водена масажа на нозете и зона за релакс. Хотелот е во прва линија и има дел со чадори и лежалки (од 12.05 до 06.10). Самата плажа не е многу широка и затоа е, помеѓу плажата и базенот тревник, каде се наредени чадори и лежалки. Плажата е комбинација на песок и камчиња. Acacia Resort нуди голем, 16 000 кв.м., базен, во форма на лагуна, со тропски растенија и цвеќиња. Барот на базенот работи од 12.05 до 29.09, каде гостите на хотелот можат да нарачаат разни закуски, пијалоци и коктели. Целата територија на хотелот од 40 000 кв.м. е една вистинска рајска, цветна градина. За децата има многубројни содржини за игра, детски базен и мини-клуб од 09.06 до 15.09. За тинејџерите има Junior club, со можност за интерактивни игри и фудбал, тенис и други игри. Хотелот нуди секојдневна разновидна забава за своите гости, со одлично обучен анимациски тим од 09.06 до 15.09. Во реонот на конгресниот центар и во барот има бесплатен бежичен интернет.

Секојдневно организиран трансфер до Чефалу во 09:00 / 11:00 / 15:00 и од Чефалу в 15:30 / 18:30 ч. Цена – 3 евра по правец.

 

Напомена

Сместување по 16:00 ч. Напуштање на собите до 10:00 ч. Касно напуштање до 16:00 ч. е можно со 40 евра доплата по соба.

 

Опис на исхрана

Појадок и вечера – Појадок е од 07:00 до 10:00 ч., а вечерата од 19:30 до 21:30 ч,, на блок-маса. Пијалоците се наплаќаат дополнително.Еднаш неделно има Сицилијанско вече со фолклорна група и Сицилијански специјалитети. Од јуни до септември еднаш неделно има Тропско вече.

Ручек – нуди се со доплата за Се вклучено. Можат да се нарачаат специјалитети од ресторанското мени или пица и салати во барот.

Magic Moments – секоја вечер помеѓу 18:30 ч. и 19:30 ч. во главниот бар се нудат вкусни јадења и  коктели по специјални цени.

 

Цената вклучува:

авио билет Софија – Катанија – Софија

чекиран 20 кг и рачен багаж

аеродромски такси

трансфер аеродром-хотел-аеродром на дестинацијата

претставник на партнерската агенција на бугарски јазик

 

Цената не вклучува:

туристичка такса околу 7 еур по лице /се плаќа во хотелот/

задолжителна доплата за таксата за гориво /разликата во цената/ 21 ден пред поаѓање

факултативни излети

СЛИКИ И УСЛОВИ

Цената вклучува:

  • авио билет Софија – Катанија – Софија, со директен чартер лет
  • 20 кг чекиран багаж и рачен багаж со димензии 40x30x20см;
  • аеродромски такси;
  • 7 ноќевања на база полупансион;
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром со климатизиран автобус;
  • Патничко здравствено осигурување со покритие до 10 000 евра;
  • Претставник на организаторот на бугарски јазик за цело време на престојот.

 

Цената не вклучува:

  • Такса за гориво – се објавува 21 ден пред поаѓање;
  • Боравишна такса
  • Дополнителни излети, по желба

Услуги на лице место:

  • Транспорт до и од Чефалу – 3 евра по правец (сати на поаѓање 09:00 / 11:00 / 15:00 и за враќање 12:30 / 18:30 ч.);
  • Влез во СПА центарот со доплата – вклучува: сауна, парна бања, хромо и ароматерапија, Кнајп, зона за релакс и користење на џакузи базен;

ВАЖНО:Плажата е песочно-камчеста

 

Ред на летање: 

Термини со поаѓање во четврток:

Софија – Катанија – 19:00 ч./ 20:00 ч

Катанија – Софија – 20:35 ч./ 23:20 ч.

Термини со поаѓање во недела:

Софија – Катанија – 13:10 ч./ 14:10 ч

Катанија – Софија – 14:45 ч./ 17:30 ч.

 

Трансфер аеродром – хотел – аеродром

Времетраење  на трансферот: околу 2 часа од Катанија

 

Резервација:

За валидна резервација е потребна уплата од мин. 50% од вкупната сума, во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 ден. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање. Цените важат исклучиво за плаќање во готово или на сметка.

Услови за откажување на патување од страна на патникот:

30+ дена пред поаѓање 50 еур по лице

30-22 дена пред поаѓање 30% од вкупната сума

21-0 дена пред поаѓање 100% пенали

 

ВАЖНО:

1. Минимален број за реализација на програмата: 120 лица. Во случај на недоволен број, организаторот е должен да ги извести патниците 20 дена пред поаѓање.

2. Нема специјални медицински и здравствени побарувања, поврзани со патувањето.

3. Потребен е валиден пасош со минимум 6 месеци важност од датумот на напуштање на земјата во која се патува.

4. Организаторот го задржува правото за промена на програмата.

Можеби ќе Ви се допадне

MARBELLA ELIX Hotel ***** – Perdika, Ionian Coast

LOUKAKIS – Sarti, Sitonija

STAVRULA – Sarti, Sithonia

PSAKOUDIA BAY – Psakoudia, Sithonia

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel