ЛЕФКАДА

ЛЕТО 2020

ЛЕФКАДА

 

Лефкада е грчки остров кој припаѓа на групата на  Јонските острови. Вкупната површина на островот е преку 300 km². Островот е одделен од копното со тесен мореуз, широк околу 2 km, а денес се пристигнува на Лефкада преку мост, изграден пред некоја година. Северно од Лефкадa е Крф, а јужно Кефалонија и Итака. Лефкада е воглавно карпеста со неколку мали плодни долини. Климата е средоземна со долги и топли лета и благи и дождливи зими.

 

Лефкада била населена уште во праисторијата. Лежи северозападно од полуостровот Пелопонез, а северно од островот Кефалонијa во Јонското море. Во средниот век Лефкада припаѓала на Византија. Средновековниот дворец, Santa Maura го изградила италијанската фамилија Токо. Црквата Св. Маврa ја подигнала во 15. век сопругата на последниот српски деспот Лазар, Јелицa Бранковиќ. Јелена Палеолог, во знак на благодарност по спасувањето од бродоломот, на островот ја подигнала својата задужбина. Околу црквата е православен манастир на Богородица Одигитрија, каде ктиторката ги поминала последните денови, и каде што е погребана како Хипомона. Турците владееле со островот неколку пати и е единствен Јонски остров кој што бил поробуван од Турците. Млетачката република го освоила во 1684, па повторно 1716. 1864 година е додаден на Кралството Грција.

 

Плажи: Лефкада има 62 плажи долж 117 км долгиот брег. Градската плажа Лефкас – песочно-камчеста плажа. Морето е со млечно сината боја. Агиофили – плажа со ситни бели камчиња недалеку од Василикис. Омилена на нуркачите. Агиос Јоанис – најблиската плажа до главниот град со ситна песок. Ја красат старите ветерници и е занимлива за сурферите. Агиос Никитас – рибарско селце со мала плажа. Главната улица која води до плажата е и пешачка зона со кафетерии, барови и таверни. Заливот е длабоко вронет во копното, па се брановите тука реткост. Амуса –  eдна од најпопуларните плажи на јужниот дел на островот. Сместена е во мал залив со мирна вода. Нема барови и таверни. Егремни – за многумина најубавата плажа на Лефкада, со тиркизно сино море, ситни бели камчиња и мал бар со одлична музика, но за да стигнете до нејзе имате 350 скали. Микрос Јиалос e eдна од попознати плажи на јужната страна на островот. Сместена во малиот залив со мирно море, со кафетерии, таверни и барови. Никиана  на 6 км северно од Нидри е најдобрата камчеста плажа на источниот брег, опкружена со маслиници и чемпреси. Порто Кацики – најубава плажа на Лефкада и една од најпознатите на Медитеранот. Од главниот град е оддалечена 40 км а за да стигнете до нејзе треба да се спуштите по 100 дрвени скали. Катизма – Прекрасната, долга, песочна плажа на околу 15 км оддалеченост од Лефкас.  Една е од најдолгите плажи на Лефкада, со неспорна и неспоредлива убавина – мека и ситна песок и чиста вода со тиркизно сина боја. По целата должина на плажата ќе најдете поставени лежалки и чадори, како и барови.

РАЗГЛЕДАЈТЕ ЈА НАШАТА ПОНУДА

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel