Јонски Брег

ЛЕТО 2019

ЈОНСКИ БРЕГ

 

Јонското крајбежје е се попопуларна дестинација за нашите туристи. Се наоѓа во областа Епир со главен град Јанина. Од источната страна заштитен со планински венец Пиндос, во  чиво подножје се многубројни плантажи на портокали и лимони. Долж морскиот брег, од Игуменица до Лефкада, распоредени се шармантните туристички места, а најпознатите се: Парга, Сивота и Превеза

 

Парга – е сликовито грчко летувалиште, најубаво на брегот. Отспротива се островите Паксос и Антипаксос, до кои се организираат излети со бротчиња кои тргнуваат од марината во центарот. Во самото место се три плажи: Крионери, Пизо Крионери и најубавата Валтос. Парга нуди голем број ресторани, барови, кафетерии, сувенирници, продавници, дискотеки и ноќни клубови, културно-историски објекти, па се препорачува за активен одмор.

 

Превеза – е голем град и пристаниште со многубројните содржини. Отспротива е острово Лефкада, кое секако треба да се посети, доколку летувате овде.

 

Сивота – e мало место, опкружено со преубав архипелаг од мали островчиња со бујна вегетација со песочни плажи. Некогаш рибарско село, денес е модерно летувалиште, во чива марина во летниот период се укотвени стотици јахти. Местото е распослано на неколку брегчиња и се спушта кон морето, шеталиштето и марината.

 

Лигија – е мало пристаниште на Јонскиот брег, од Превеза оддалечено 20 km.

 

Врахос – е една од најпопуларните плажи на Јонскиот брег. Се наоѓа помеѓу Парга и Превеза. Најблиското населено место е Луца. Плажата е долга, песочна и отворена кон морето. 

 

Канали – е одлично лоцирано летувалиште, на само 15 км од Превеза, со сите потребни содржини за пријатен, но мирен одмор. Плажата е песочно – камчеста, долга повеќе од 10 km.

 

Кастросикија – е мало село на преубава плажа, на само 6 км од Канали.

РАЗГЛЕДАЈТЕ ЈА НАШАТА ПОНУДА

ПОГЛЕДНИ ПОНУДА

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2019

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2019

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2019

ПОВЕЌЕ

ПОГЛЕДНИ ПОНУДА

ПОВЕЌЕ

ПОГЛЕДНИ ПОНУДА

ПОВЕЌЕ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel