КИПАР

ЛЕТО 2019

КИПАР

 

Кипар е островска држава во Средоземното море, четврто по големина. Никозија или Лефкозија е најголем и главен град на Кипар, каде северниот дел на градот припаѓа на Турската република Северен Кипар, а поголемиот дел на Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Познати туристички места во јужниот дел на Кипар се Ларнака, Пафос, Лимасол и Аја Напа.

Климата на Кипар е средоземноморска. Кипар е најтоплиот остров на Медитеранот, со околу 340 сончеви денови во годината. На целиот остров владеат топли лета, со просечна температура од 30 °C. Во зимата, температурата се движи од 10 и 20°C.

Со своите спектакуларни пејзажи и завидна клима, Кипар нуди магична мешавина на романтика и опуштање во предивното опкружување.  Сончани плажи, космополитски градови и луксузни хотели, планини со борови шуми и живописните села се карактеристики на овој остров. Поради атрактивната положба, помеѓу Европа, Азија и Африка, една е од најпопуларните туристички дестинации на Средоземното море. Сите што го посетиле го опишуваат како магична земја на пријатни домаќини, која има што да понуди. Од скриените ували, песочните плажи, луксузните хотели, секој дел на морскиот брег е единствен на свој начин.

 

Лимасол е втор по големина град на Кипар и најголемо туристичко место на островот. Благодарејќи на пријатната клима, гостопримството и развијената туристичка инфраструктура се здобил со назив „Кипарска ривијера„. Изобилува со луксузните хотели, ресторани, кафетерии, барови, ноќни клубови и дискотеки, како и продавници. По должината на старото пристаниште се протега шеталиштето. Идеална е појдовна точка за обиколка на островот.

 

Пафос е модерен туристички центар со преубави плажи, волшебен поглед на залив, како и многубројни историски локалитети и средновековна тврдина. Сместен е на западниот дел на островот и составен од два дела, стариот и новиот дел на градот. Според легендата, божицата на убавината и љубовта, Афродита изронила од морската пена во близина на Пафос, па секој што ќе се искапи во овие води ќе доживее промена, жените ќе се подмладат и разубават, а мажите ќе станат силни и храбри. Пристаништето изградено од Александар Велики, кралската гробница, тврдината, етнографскиот музеј, многубројните цркви и манастири чинат широк спектар на понуди за обиколка, а во склоп на содржините на ова туристичко место се и многубројните ресторани, барови и кафетерии, како и широк спектар на сместувачките објекти. Пафос се препорачува на оние кои сакаат одмор исполнет со содржини. Брегот е воглавно карпест, но има и преубави песочни плажи. Најубава песочна плажа е Coral Bai, која ја обожуваат сурферите, Lara, каде можете да сретнете и морските зелени желки и која е прогласена за национален парк, Geroskipou, опремена со сите содржини. Секако посетете го и аквапаркот Афродита, на 35000 км² и акваријумот.

 

Ларнака е трет град по големина, сместен на југоисточниот дел на островот. Модерен град настанат на руините на стариот град-држава Китион, поморско и трговско пристаниште и стратешка точка на феничаните. Во близина е соленото езеро Алики, зимувалиште на фламингоси, а духот на старите антички времиња се чувствува во целиот град. Тврдината, црквата на Св. Лазар, 3 џамии, археолошки музеј се само дел од богатото историско наследство на градот. Во близина на Ларнака се одлични песочни плажи.

 

Аја Напа е можеби најпопуларен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и предивни пејзажи. Некогашно мало, рибарско село, сместено во увала, денес е престижен туристички центар. Друго име му е и „втора Ибица„, за сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот. Бројните ресторани, барови, дискотеки и тренд клубови работат скоро непрекидно, па се препорачува пред се на помладите, но секако дека има места и за помирен и опуштен одмор. Ја красат широки, песочни плажа, од кои најпознатите се Golden Beach /долга 1 км/ и Nissi Beach /долга 2 км/.  За само неколку мин. со автобус или такси можете да стигнете до местото Протарас, кое нуди мирна и опуштена атмосфера.

SALE

The Caravel Hotel *** – Limassol, Kipar

Сместен во областа Агиос Тихонас, Лимасол, на 60 km oд аеродромот во Ларнака и 200 м од песочната плажа. Едноставен хотел со ресторан, барови, базени, интернет и добра услуга. Вкупно има 90 соби: Double Rooms (~18 m 2), 10 Family Room (~37 m 2)...

ЛЕТО 2019 /

First minute / 31.01.2019

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

SALE

Oceanos Beach Hotel *** – Agia Napa, Kipar

Хотелот се наоѓа во Лимамнаки, Аја Напа, 300 m до центарот на градот, 100 m до автобуската станица, 50 km од аеродромот. Реновиран 2014 година. Шесткатна зграда со 2 лифта,  на сама песочна плажа, со бесплатни лежалки и чадори,...

ЛЕТО 2019 /

First minute / 31.01.2019

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

SALE

Napa Mermaid Hotel & Suites **** – Agia Napa, Kipar

Хотелот се наоѓа на 1 km oд центарот на Аја Напа, на 13 km oд Паралимни, на 10 km oд Протарас, на 40 km од Ларнака. Современ хотел, на неколку чекори од морето и песочната плажа. Нуди широк избор на комфорни ...

ЛЕТО 2019 /

First minute / 31.01.2019

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

SALE

Constantina Beach Hotel Apartments – Larnaca, Kipar

Хотелот се наоѓа на 2 km оддалеченост од центарот на Ларнака. Објектот е на 4 ката со лифт, реновиран 2015 година. Се наоѓа на песочната плажа Мекензи. Лежалките и чадорите се со доплата. Нуди комфорни студија и апартмани...

ЛЕТО 2019 /

First minute / 31.01.2019

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

SALE

Napa Plaza Hotel **** – Agia Napa, Kipar

Napa Plaza Hotel 4* е на 8 km oд центарот на Аја Напа, 40 km oд Ларнака, 52 km од аеродромот во Ларнака. Хотелот е на 600 м оддалеченост од песочната плажа /лежалките и чадорите со доплата/ и...

ЛЕТО 2019 /

BB=HB

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

SALE

Avlida Hotel **** – Paphos, Kipar

Хотелот се наоѓа на 1 km oд центарот на Пафос, автобуска станица е пред хотелот и 25 мин од пристаништето, стариот град и пазарот, покрај „Кралската гробница".  Оддалечен е 250 м од песочната плажа. Реновиран е 2014 година. ...

ЛЕТО 2019 /

First minute / 31.01.2019

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

SALE

Panareti Coral Bay Hotel 3* – Paphos, Kipar

Хотелот се наоѓа на 10 km oд центарот на Пафос, 100 m од опремена камчесто-песочна плажа, каде лежалките и чадорите се наплаќаат, на 5 мин. од убавата плажа Coral Bay. Нуди: надворешен базен, детски базен, внатрешен базен, ...

ЛЕТО 2019 /

First minute / 31.01.2019

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

SALE

Aliathon Aegean Hotel **** – Paphos, Kipar

Хотелот се наоѓа во местото Като Пафос, на 150 м од песочната плажа, каде се доплаќаат чадорите и лежалките, 2 km oд пристаништето во Пафос и 5 км од продавниците во Пафос. Реновиран е 2015-2016. Го чинат 70 објекти...

ЛЕТО 2019 /

First minute / 31.01.2019

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

SALE

Cleopatra Hotel & Annex *** – Agia Napa, Kipar

Хотелот се наоѓа во Аја Напа, на 2 km од аквапаркот и 650 м од песочната плажа. Мал хотел, со удобни сместувачки единици со базен, ресторан, бар, интернет. Вкупно се 35 соби: Double Rooms (~15 m2), Doubles Annex...

ЛЕТО 2019 /

First minute / 31.01.2019

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

SALE

Nestor Hotel **** – Agia Napa, Kipar

Хотелот се наоѓа во Лиманаки, Аја Напа, 250 m дo центарот на градот, 30 m до автобуската станица, 50 km од аеродромот. Реновиран 2014-2015. Го чини зград од 6 ката. Нуди 2 лифта, елегантни соби, базени, детски базен ...

ЛЕТО 2019 /

First minute / 31.01.2019

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

SALE

Park Beach Hotel *** – Limassol, Kipar

Лимасол е популарен туристички центар, совршен за семејства и љубителите на велосипеди - велосипедските патеки се протегаат долж морскиот брег. На 10 м од хотелот е автобуска станица. Песочната плажа е на 100 м од ...

ЛЕТО 2019 /

First minute / 31.01.2019

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

SALE

Palm Beach Hotel & Bungalows 4* – Larnaca, Kipar

Хотелот се наоѓа на 6 km oд центарот на Ларнака. Реновиран е 2015 година и е на само неколку чекори од камчесто-песочна плажа, каде се лежалките и чадорите бесплатни за гостите. Хотелот го чинат главната зграда и бунгалови и ...

ЛЕТО 2019 /

First minute / 31.01.2019

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

SALE

Parklane Luxury Resort & Spa ***** – Limassol, Kipar

Хотелот се наоѓа на 2 km oд центарот на Лимасол. Вкупна површина на комплексот изнесува 100.000 m 2. Комплетно е реновиран 2018 и се отвара во март 2019 година. Сместен на приватна песочна плажа, лежалките, ...

ЛЕТО 2019 /

First minute / 31.01.2019

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

SALE

Olympic Lagoon Resort ***** – Agia Napa, Kipar

Хотелот се наоѓа на плажа Nissi Bay, 3 km oд Аја Напа, 2 km oд аквапаркот. Делумно е реновиран 2018 година /нов затворен простор за забава, нови тематски ресторани и барови, теретана и спа центар). Делот на хотелот - само за возрасни: ...

ЛЕТО 2019 /

First minute / 31.01.2019

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

SALE

Elias Beach Hotel **** – Limassol, Kipar

Хотелот се наоѓа 5 km oд центарот на Лимасол, 55 km oд аеродромот во Ларнака, автобуска станица е до хотелот. Реновиран 2011 година. Сместен на приватна песочна плажа, со бесплатни лежалки и чадори. Нуди базени, ресторани, ...

ЛЕТО 2019 /

First minute / 31.01.2019

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel