КАСАНДРА

ЛЕТО 2024

ХАЛКИДИКИ – КАСАНДРА

 

На само еден час од Солун, ќе наидете да вистински рај, песочни плажи, сликовити заливи, традиционални села, мали острови со скриени заливи, брда прекриени со борови, медитеранска клима, а се тоа се наоѓа на полуостровот Халкидики. Бил дом на џиновите, непријателите на боговите од Олимп, а пештерата Петралони сведочи за животот на ова подрачје уште од периодот пред 700.000 години. Името го добил по градот Халкиди, главниот град на државата на Еритрејците, кои се населиле таму во 7. век п. н. е. Го сочинуваат три крака: Касандра, Ситонија и Атос, кои настанале кога Посејдон го поделил полуостровот на три дела со својот трозабец.

Касандра, чие име потекнува од македонскиот крал Касандрос, се наоѓа најзападно и е најпосетеното место од полуостровот Халкидики. Ја карактеризира богата вегетација, борови шуми, прекрасни плажи и мали гостопримливи места. Поради чистото море и топлата клима, плажите се убаво уредени и безбедни, па повеќето од нив секоја година ја добиваат престижната награда „Сино знаменце“.

Внатрешноста на полуостровот е слабо населена. Локалните жители живеат во регионот покрај брегот и освен со туризмот, се занимаваат и со риболов и земјоделие. Тука е развиено и производството на мед, вино и маслиново масло, па при посета, препорачуваме да си ги купите овие производи поради нивниот висок квалитет.

Туризмот е најраспространета дејност. Некогашните мали рибарски села, денес се познати туристички места со убави и нови куќи, вили и хотели, таверни и ресторани, како и кафетерии и дискотеки. На источниот дел на брегот се наоѓаат едни од најпопуларните места, пред се, Ханиоти и Пефкохори, додека на западниот дел од брегот најпознати се Сани и Фурка. Местата кои го содржат префиксот „Неа“ што значи Ново, се основани од мигранитите кои се доселиле од различни страни во првата половина на 20. век.  

Главниот град на полуостровот е Касандриа, кој се наоѓа на средината, опкружен со шуми. Тоа е едно од најстарите места на Халкидики, кое датира од 16. век. Има околу 3000 жители и е административниот и комерцијалниот центар на областа. Тука има повеќе продавници, пазар, пошта, банки и останати служби неопходни за функционирање на голем град како овој. Тука се наоѓаат и црквата на Пресветата Богородица, Народниот музеј и напуштената ветерница кои вреди да се посетат.

Ако сакате да го обиколите полуостровот, најдобро е да го направите тоа со автомобил. Сообраќајницата која оди кружно ги поврзува источниот и западниот брег и јужниот и северниот. Задолжително посетете ја пештерата и археолошкиот музеј Петралона, кои чуваат 700 000 години стар череп од најстариот предок на современиот европски човек, како и бројни фосилни остатоци од животните и алатите од времето на палеолитот. Во Калитеа се археолошките наоѓалишта, храмот на Зевс од 4. век п.н.е. и малата капела Св. Пантелејмон. Во Неа Фокеа е манастирот и византиската осматрачница од почетокот на 15. век. На плажата Сани се наоѓа пар од добро сочувани ветерници. Афитос е место кое ќе ве маѓепса со своите стари камени куќи од 19. век, таверни, кафулиња и барови.

РАЗГЛЕДАЈТЕ ЈА НАШАТА ПОНУДА

ЛЕТО 2024

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2023

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel