Калабрија

Чартер програма од Белград

КАЛАБРИЈА


 

Калабрија, за многумина спаѓа во најинспиративните делови на Италија и со несекојдневното синило на морето и раскошниот брег, ви нуди можност за прав авантуристички одмор.  Се наоѓа на самиот шпиц на „италијанската чизма„, а најатрактивното место е малиот приморски град Тропеа.

 

Летувањето во Калабрија ќе ви го надополнат и преубавите предели на кои можете да им се воодушевувате од ‘ртот Капо Ватикано и светилникот кој му е заштитен знак. ‘Ртот од бел гранит, висок 284 метри доминира над панорамата и ја дели на два залива, Ѓоја Тауро и Санта Еуфемија. На север и југ се нижат мали приморски места, секое со својата специфичност.

 

НИКАКО НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ДА ПОСЕТИТЕ

Pizzo, Tropea, Capo Vaticano

 

Три најубави места, кои го красат тиренскиот брег на Калабрија. Pizzo е напознато рибарско место со карактеристични тесни улички и мали плоштади, каде посетителите уживаат во прочуениот сладолед Trufo di Pizzo.  Во Tropea може да ги видите доминантната карпа вронета во бистро, тиркизното море на чив врв е црквата на Св. Марија и прекрасните плажи од бела песок. И секако треба да се посети Capo Vaticano со преубавиот поглед од ‘ртот.

 

* Reggio di Calabria i Shilla

 

Карактеристичното приморско место на југот на Калабрија – Shilla е сместено на виолетовиот брег (Costa Violа). Ова место е препознатливо по големата карпа во која по легендата од грчката митологија, живеело морското чудовиште Шила. Reggio di Calabria е градот изграден во Art Nouveau стил, каде што ќе може да го посетите шеталиштето покрај море наречено „најубавиот километар во Италија„. 

 

* Крстарење по Еолските острови

 

8те острови се настанати со вулканските активности, од кои најпознати се Стромболи, Липари, Вулкано, Панареа. При посета ќе се уверите во убавината на природата која ја сочинуваат карпите, заливите, пештерите, ‘ртовите..

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel