КРСТАРЕЊЕ СО ГУЛЕТИ

ЛЕТО 2019

Турција – Крстарење со гулети – Егејска регија

 

Едно од најатрактивните патувања, како створено за луѓе со жив дух, на кои им е подраго топлото море, нуркање, пливање во најчистите води, од престојот во луксузните хотели. Доколку се препознавате, запловете по турските крајбрежја на Медитеранот! Првото утро, по лесниот, летен појадок во марината, се подигнува сидрото и се трга во обиколка на најубавите плажи, ували, културни и историски знаменитости по изнимно разуден турскиот брег. За недела дена Вашата куќа на море ќе е турски гулет, симпатично рибарско бротче прилагодено на потребите на туристите. На секој брод има 6-8 двокреветни кабини, секоја со туш и тоалет. Ќе се зачудите со каква спретност се искористува секое делче од просторот. За тие што ќе посакаат, овозможено е спиење под ведро небо. На палубата има онолку удобни душеци, колку и патници на бродот. Така ќе можете да доживите незаборавно будење уз изгрејсонце. Престојот на гулетот е можеби и единствен начин да уживате во топлиот Медитеран, а ниту еднаш да не се пожалите дека Ви е жешко. Предната и задната палуба се покриени преку денот со разнобојни тенди, па се при лесно, морско ветре температурата не ни чувствува. Исхраната на гулетот е на база на полн пансион (појадок, ручек, вечера). Секој гулет има свој готвач кој ќе се потруди за да го пофалите. Доколку сакате рибарење и сте успешни во тоа, сметајте на негова помош во приготвување на свежите морски плодови. Храната на гулетите е лесна, со изобилие на салати, специјалитети од зеленчук и разни печива. Пијалок се доплаќа по приступачни цени. Покрај капење и сончање на најчистите делови на брегот, ќе имате можност да видите интересни локалитети и сето тоа да го зачините со лудите летни ноќи во градовите кои живеат 24 часа на ден. Затоа, не размислувајте многу, нека Ве понесат брановите на турскиот дел на Медитеранот!

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel