ЕГИПЕТ

ЛЕТО 2020

ЕГИПЕТ

 

Египет е вистински подарок во пространството на Сахара. Местото, каде што е пред 5000 години родена цивилизација. Мистиката на Африка и преубавата тиркизна боја на морето, се она што ги фасцинира посетителите на оваа дестинација. Многубројните хотели распоредени во повеќе летувалишта, широките цветни градини, ладот под разиграните палми, доволни за потполно уживање во одмор поминат во Египет.

 

Сместен е во североисточниот дел на Африка и делумно во Азија (Синај), на Средоземното и Црвеното море, помеѓу Либија, Израел и појасот Газа. Завзема територија од околу еден милион квадратни километри. Околу 5% од земјата покрива вегетација, a остатокот е песочно – камчестата пустина Сахара. Долината на Нил е рбетот на земјата, околи кој е пред пет илјади години родена египетската цивилизација. Египет брои околу 83 милиони жители, а скоро 90% живеат во големите градови.

 

Хургада е бисер на египетскиот брег, сместена на Црвеното море, кое туристите го нарекле “Mоре со седум бои”. Има околу 150 илјади жители. Се протега на брег во должина од повеќе од 50 km. Новоизградените хотели, со својата убавина, а во комбинација со локалниот начин на живот, даваат вистинска слика на Египет. Црвеното море, заради богатството на корали и морски свет е права мамка за туристите кои се љубители на нуркање, а идеалната позиција на градот нуди можност на разновидни излети.

 

Шарм ел Шеик е најпознато монденско летувалиште на Египет. Оддалечено 480 км од Каиро, на крајниот југ на Синајскиот полуостров, во азискиот дел на Египет. Морскиот брег е долг 15 км, составен од три корални заливи Nama Bay, Sharks Bay и Nabqa Bay, опкружени со бедуинските населби, планините и пустината. Она што секако треба да го посетите додека сте во Шарм ел Шеик е манастирот на Св. Катерина. Сместен во подножјето на Мојсиевата гора, каде што ги примил 10-те божји заповеди, овој манастир се смета за најстар христијански манастир на светот. Го основал римскиот император Јустинијан во 527 год. Низ вековите претставувал оаза на мирот, сочуван поради својата изолираност. Темелите на манастирот биле поставени уште во 330 година, кога е изградена капелата, каде што Мојсие го видел пламтечкиот џбун. Името го добил во 9. век по александриската светителка.

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel