Ајфелова кула наскоро во ново руво

Една од најпознатите светски туристички атракции и симбол на француската престолнина, Ајфелова кула, наскоро би можела да добие нешто повесел изглед.

 

Кулата која е изградена во периодот помеѓу 1887 и 1889 и била главен влез на Светската изложба во Париз 1889 година, висока е 324 метри и направена од 10.000 тони лиено железо. Од изградбата до денес, боена е 19 пати, за што е потребно 60 тони боја. Моментално ја краси посебно осмислена кафена нијанса, но верувале или не, некогаш Ајфеловата кула изгледала многу повесело.

 

Кога била изградена, на барање на Гистав Ајфел била обоена во црвено, а три години подоцна префарбана во светло портокалевата нијанса. 1899 ја добила сончевата нијанса на портокалево-жолта во основата и светло жолтата на врвот. Од 1907 до 1954 била прекриена со жолто-кафена нијанса, а 1968 била сменета во кафено-црвена.

 

Сега е време повторно да се освежи  бојата, а разубавувањето на една од најважните париски атракции ќе трае од октомври 2018 до крајот на 2021 година. Сеуште не е дефинитивно утврдено со која боја ќе биде бојадисана кула овој пат.

 

.

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel